Ефкан Ала: Притворени се 25.917 лица, а уапсени 13.419 лица

Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала истакна дека во врска со обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ се притворени 25.917 лица, а уапсени 13.419 лица

544371
Ефкан Ала: Притворени се 25.917 лица, а уапсени 13.419 лица

Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала истакна дека во рамките на истрагитата во врска со обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура на 15 јули бројот на притворени изнесува 25.917 лица, 13.419 лица се уапсени, на 74.562 лица им се поништени пасошите, додека бројот на жртвите-шехиди изнесува 238 лица, а 2.197 лица беа повредени.

Министерот Ала во седиштето на владејачката АК Партија каде што дојде за состанокот на Централниот одлучувачки и управен одбор (MKYK) на потсетување во врска со новото структуирање во врска со разузнавањето рече дека се водат активности по ова прашање. 

Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала напомена дека начинот на структирање на разузнавачките служби во институциите како што се жандармеријата и полицијата ќе биде разјаснето на крајот на реализираните активности.

 



Слични вести