Граѓаните продолжуваат со дежурството за чување на демократијата на плоштадите низ цела Турција

Граѓаните продолжуваат со дежурството за чување на демократијата на плоштадите низ цела Турција на чело со плоштадот Таксим во Истанбул, куќата на претседателот Ердоган во Кисикли во Истанбул и плоштадот Кизилај и претседателската палата во Анкара

543722
Граѓаните продолжуваат со дежурството за чување на демократијата на плоштадите низ цела Турција
erdoğan, külliye, demokrasi nöbeti.jpg
külliye, anı defteri.jpg
fetö'nün darbe girişimine tepkiler, külliye.jpg
fetö'nün darbe girişimine tepkiler, ankara, külliye.jpg

Голем број граѓани продолжуваат со дежурството за чување на деморкатијата насекаде во Турција.

Синоќа во џамијата Миллет (Народната џамија) пред претседателската палата во Бештепе во Анкара повторно се собраа илјадници граѓани.

На големиот број граѓани потоа им се приклучи и претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган каде што се поздрави и разговараше со граѓаните.

Во придружба на претседателот Ердоган беа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за правда Бекир Боздаг и министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак. 

За време на синоќешното дежурство за чување на демократијата беше читано салах и се читаше Куран за жртвите-шехиди.

За време на прикажувањето на документарецот во врска со обидот за воен удар на 15 јули пак беа доживеани силни емотивни чувства.

Граѓаните кои дежураат за чување на демократијата во текот на целата ноќ дадоа пораки за единство и сплотување.

Илјадници граѓани синоќа продолжија со дежурство за чување на демократијата и на плоштадот Кизилај во Анкара.

Дежурството за демократија на плоштадот Кизилај беше поддржано и од страна на граѓански организации.

За време на дежурството за чување на демократијата во Истанбул пак повторно сите плоштади беа исполнети со голем број граѓани кои веруваат во демократијата.

Граѓаните кои продолжуваат до дежурството со исто воодушевување и иста одлучност како првиот ден пееја маршеви и дадоа пораки за демократија.

Голем број граѓани кои со верба во своите срца се спротивставија на обидот за воен удар се сплотија на плоштадот Таксим во Истанбул и продолжија да ја изнесуваат својата реакција против терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ. 

Граѓаните продолжија да дежураат за чување на демократијата до утрото и пред куќата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Кисикли во Истанбул.

Едно од местата кадце што продолжува дежурството за чување на демократијата во Истанбул е и Сарачхане каде што во име на застанување во одбрана на демократијата и народната волја и синоќа се собраа илјадници граѓани.



Слични вести