Терористичката ПКК ги повикува терористите на ФЕТО на соработка

Двете терористички организации со поддршка на некои земји се обидуваат да го спречат развојот на Турција

543455
Терористичката ПКК ги повикува терористите на ФЕТО на соработка

По обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи (ФЕТО) на 15 јули, терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во говорите преку токи-воки уредите, пучистите кои сакаат да побегнат ги повикаа на соработка и преземање заеднички активности.

Валијата на Батман, Ахмет Дениз рече дека членовите на терористичката организација ПКК во говорите преку токи-воки уредите на терористите на ФЕТО им упатуваат пораки и споделувања, во случај да побегнете и се засолнете во нашите редови, да се прегрнеме, сплотиме, да воспоставиме врски и преземеме заеднички активности.

Валијата додаде дека двете терористички организации со поддршка на некои земји се обидуваат да го спречат развојот на Турција.

Земјите кои ги поддржуваат терористичките организации се обидуваат да предизвикаат братоубиствена војна меѓу Курдите и Турците. Покрај сите напори на непријателите, нашите граѓани се однесуваат разумно и совесно и преземаат заеднички активности со државата. Се надевам дека сите заедно ќе имаме можност да доживееме многу поубави денови.

Валијата потенцираше дека борбата што се води против терористичката организација ПКК ќе се води и против ФЕТО.



Слични вести