Парламентарна делегација во посета на Вашингтон

Делегација од парламентарната комисија за надворешни односи отпатува за Вашингтон на разговори со претставници на американските власти

542985
Парламентарна делегација во посета на Вашингтон

Делегација од парламентарната комисија за надворешни односи отпатува за Вашингтон на разговори со претставници на американските власти.Посетата е од исклучително значење бидејќи претставува прва посета после неуспешниот обид за воен удар кој го изврши терористичката организација ФЕТО-паралелна државна структура на 15 јули.

Во делегацијата се наоѓаат претседателот на комисијата за надворешни односи,воедно пратеник на АК Партијата Таха Озхан,Махир Унал,член на комисијата воедно пратеник на АК Партијата,Огуз Каан член на комисијата и пратеник на Народната републиканска партија и Камил Ајдин, член на комисијата и пратеник на Партијата за национално движење. Делегацијата во Вашингтон ќе се состане претставници на американските власти, тинк танк асоцијасии и претставници на печатот.

Делегацијата првин одржа краток брифинг во просториите на Амбасадата на Република Турција во Вашингтон, а потоа беше примена од страна на Брус Шварц заменик на американскиот државен секретар за правда.

Делегацијата во сите разговори ја потенцира потребата од израчување на челникот на терористичката организација ФЕТО-паралелна државна структура Фетулах Ѓулен во Турција.

Се очекува делегацијата да биде примена од страна на Викторија Нуланд заменик на државниот секретар за надворешни работи на САД,воедно да ја посети асоцијацијата Атлантик Каунсил како и Меѓународниот центар за стратегиски активности.

Парламентарната делегација во Вашингтон и во Њујорк ќе престојува до 8 август,понеделник.



Слични вести