Министерот Чавушоглу ги прими лидерите на сириската опозиција

На средбата беа разменети мислења во врска со напорите за изнаоѓање политичко решение на сириското прашање и развојот на случувањата во Алепо и Сирија

542768
Министерот Чавушоглу ги прими лидерите на сириската опозиција

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу ги прими претседателот на Високиот преговарачки комитет Ријад Хиџаб и претседателот на Сириска национална коалиција на опозиционите и револуционерни сили Енес Ал Абде.

На средбата со претседателите Хиџаб и Абде, министерот Чавушоглу го повтори повикот за што поскоро суспендирање на нападите врз Алепо.

Чавушоглу на разговорите со Хиџаб и Абде размени мислења во врска со напорите за изнаоѓање политичко решение на сириското прашање и развојот на случувањата во Алепо и Сирија.

Чавушоглу сириските гости ги информираше за средбите и разговорите со колегите и го повтори ставот на Турција за што поскоро суспендирање на бомбардирањето на Алепо и турската поддршка на сирискиот народ дека ќе продолжи и во иднина.



Слични вести