Навистина е неприфатливо спречувањето на учеството на претседателот Ердоган на Митингот во Келн

Се надеваме дека германските власти ќе изнајдат сили да објават образложение кое ќе ги задоволи очекувањата на нашите граѓани

541628
Навистина е неприфатливо спречувањето на учеството на претседателот Ердоган на Митингот во Келн

Ибрахим Калин, портпаролот на кабинетот на претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган остро реагираше на спречувањето на учеството на претседателот Ердоган преку видеоконференција на Митингот на демократијата против воениот удар во германскиот град Келн.

Ибрахим Калин подвлече дека навистина е неприфатливо спречувањето на учеството на претседателот Ердоган преку видеоконференција на Митингот за демократија против воениот удар од страна на германските власти, кој се одржува под покровителство на претставниците на политичките партии, десетици невладини организации и илјадници турски и германски граѓани.

Народот кој со одбивањето на обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи (ФЕТО) напиша голема херојска сторија, навистина со големо нетрпение очекува да се образложи вистинската причина спречувањето на учеството на претседателот Реџеп Тајип Ердоган преку видеоконференција од страна на германските локални власти, правосудните органи и уставниот суд. Се надеваме дека германските власти ќе изнајдат сили да објават образложение кое ќе ги задоволи очекувањата на нашите граѓани.



Слични вести