Граѓаните во целата земја продолжуваат со дежурството за демократијата

На дежурството за демократијата,освен политичарите учествуваа и интерпретаторите

541571
Граѓаните во целата земја продолжуваат со дежурството за демократијата

Граѓаните во целата земја продолжуваат со дежурството за демократијата со цел да ја изнесат својата реакција против обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи / паралелни државни структури (ФЕТИО/ПДЈ) на 15 јули.

Продолжува дежурството за демократија на граѓаните во Анкара на плоштадот на демократијата Кизилај (Црвена полумесечина) и претседателскиот дворец.

Граѓаните цела ноќ се молеа за шехидите/хероите.  Чуварите на демократијата на плоштадот ги носеа фотографиите а шехидите.

На дежурството за демократијата,освен политичарите учествуваа и интерпретаторите.

Граѓаните во живо го проследија интервјуто на претседателот Реџеп Тајип Ердоган за еден ТВ-канал.

Илјадници граѓани на Истанбул, на различни плоштади продолжуваат со дежурството за демократијата и ги изнесуваат своите реакции против обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО.

Зградата на Градската заедница на Истанбул во Сарачхане беше исполнета со голем број граѓани.

Меѓу дежурните имаше и лекари.

На дежурството за демократијата во Сарачхане учествуваше и потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш кој алудираше на повикот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган дека дежурствата ќе продолжат се до 7 август.

Куртулмуш исто така ги повика граѓаните да продолжат со дежурствата на плоштадите се до 7 август и истакна дека плоштадите, бините, не припаѓаат само на една партија, тоа се бини на сите партии.

Нешто потоа потпретседателот Куртулмуш се состана со граѓаните кои дежураа пред плоштадот Таксим и потенцираше дека сите пучисти се непријатели на народот, правата, правдата, знамето, татковината, историјата.

Резиденцијата на претседателот Ердоган во населбата Кисикли беше осветлена со црвена боја.

На дежурството пред резиденцијата учествуваа потпретседателот на владата Вејсел Кајнак, министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак и ќерката на претседателот, Есра Албајрак.

Министерот за шумарство и водостопанство Вејсел Ероглу учествуваше на дежурството за демократијата во Измир.

Ероглу во говорот во оваа прилика рече дека целта на обидот за воен удар беше уривањето и уништувањето на Турција, но перцепцијата и далековидоста на турскиот народ ги поремети сите кукавички планови.

Министерот за евроинтеграции и главен преговарач Омер Челик, учествуваше на дежурството за демократија во Адана.

Во говорот што го одржа пред собраните граѓани, Челик рече дека учеството на граѓаните од сите политички определувања, навистина го зајакнува извонредниот демократски отпор.

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу кој учествуваше на дежурството за демократија во Анталија, во обраќањето до граѓаните рече:

САД без никакви докази треба веднаш да го екстрадира челникот на терористичката организација ФЕТО, Фетулах Ѓулен.

Граѓаните во Нешехир кои исто така со турски знамиња во рацете го наполнија плоштадот на отпорот, ги слушаа молитвите на хоџите од Куранот.

Поранешниот министер за енергија и природни ресурси Танер Јилдиз кој учествуваше на дежурството за демократија во Невшехир, во говорот упати пораки за братство и единство и потенцираше:

15 јули е ден кога граѓаните се кренаа на нозе.

Илјадници граѓани кои со транспаренти и турски знамиња во рацете се собраа на Градскиот плоштад во Карабук, ја изразија љубовта кон претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Илјадници граѓани кои се собраа во Паркот орман во Дијарбакир во знак на реакција и протест против обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО отворија турски знамиња и носеа постери на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.



Слични вести