Турција ќе продолжи со поддршката на братскиот јеменски народ и легитимната влада

За да може повторно да се воспостави јавниот поредок во Јемен, неопходно е да се воспостави хегемонијата на легитимниот државен авторитет во целата земја

541119
Турција ќе продолжи со поддршката на братскиот јеменски народ и легитимната влада

Турција соопшти дека е неопходно воспоставувањето на хегемонијата на легитимниот државен авторитет во Јемен со цел повторно да се воспостави јавниот поредок целата земја.

Министерството за надворешни работи во соопштението по повод постигнатата согласност и формирањето на Политичкиот совет на 28 јули од страна на Хутите и претставниците на Генералниот народен конгрес во Јемен истакна дека е очигледно дека договорот кој се спроведува во Кувајт со посредство на ОН, нема да има никаков придонес во мировното решавање на проблемите во Јемен.

Во соопштението беше истакнато следното:

Турција не го признава вториот напад насочен против уставната легитимност на Јемен која беше воспоставена со Револуционерниот комитет прогласен од страна на Хутите со Уставната декларација објавена на 6 февруари 2015. За да може повторно да се воспостави јавниот поредок во Јемен, неопходно е да се воспостави хегемонијата на легитимниот државен авторитет во целата земја. Затоа, гледано од тој аспект, насочувањето на меѓународната заедница за поддршка на напорите за легитимноста на земјата, има поголемо значење. Во тој контекст потенцираме дека Турција ќе продолжи со поддршката на братскиот јеменски народ и легитимната влада за воспоставување на трајниот мир и спокојството, безбедноста и стабилноста во Јемен.



Слични вести