Турција испрати второ писмо до САД во кое одговори на прашањето „Зошто е потребно итно приведување?“

Во испратеното второ писмо со одговор до САД се нагласува улогата на Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката ФЕТО/ПДЈ во обидот за воен удар на 15 јули и се привлекува внимание кон тоа дека постојат разузнавачки информации оти ќе побегне во друга земја

541144
Турција испрати второ писмо до САД во кое одговори на прашањето „Зошто е потребно итно приведување?“

Турција одговори на прашањето „Зошто е потребно итно приведување?“ кое пристигна од САД по доставеното барање од Анкара за привремено приведување во времетраење од 60 дена на Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката организација фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ додека да биде екстрадиран.

Во одговорот се нагласува улогата на Фетулах Ѓулен во обидот за воен удар на 15 јули и се привлекува внимание кон тоа дека постојат разузнавачки информации оти ќе побегне во друга земја.

Турција побара од САД додека Фетулах Ѓулен биде екстрадиран за привремено да биде приведен во времетраење од 60 дена и во врска со ова испрати две одделни писмени барања до секретаријатот за правда и државниот секретаријат на САД.

Во испратеното барање до американскиот државен секретаријат беше доставено барањето за екстрадиција и беше побарано да и се достави информација на Турција во врска со правниот процес, додека во испратеното барање до секретаријатот за правда беше побарано Фетулах Ѓулен да биде приведен за привремено пред да биде екстрадиран.

Во испратениот одговор од страна на американскиот државен секретаријат на овие барања на Турција беше запрашано „Зошто е потребно итно приведување?“

По овој развој турското министерство за правда по втор пат испрати писмо до американскиот секретаријат за правда.

Според веста на весникот „Хабертурк“ во испратеното писмо по втор пат се нагласува дека Фетулах Ѓулен е одговорен за обидот за воен удар во Турција извршен на 15 јули и во прилог на писмото беа додадени и изјавите на војниците-пучисти со кои се поддржува ова обвинение.

Освен тоа во писмото се привлекува внимание кон тоа дека постојат разузнавачки информации оти Ѓулен ќе побегне во друга земја и дека затоа треба под итно да биде приведен.

Со заинтересираност се очекува одговорот што ќе го дадат САД и на ова писмо на Турција.



Слични вести