Не може да се победи единството на народот

Народот во текот на историјата ќе се сеќава на мрачната ноќ на 15 јули

540977
Не може да се победи единството на народот

Потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш рече дека не може да се победи единството на народот кој го спречи обидот за воен удар.

По комеморацијата во чест на хероите од15 јули што се одржа во претседателскиот дворец, потпретседателот Куртулмуш одговараше на прашањата на новинарот на телевизискиот канал на ТРТ на курдски јазик ТРТ Курди.

Народот со векови ќе се сеќава на 15 јули, потсети Куртулмуш и потенцираше дека како што ние ќе се потсетуваме на епската борба на 15 јули, така и народот во текот на историјата ќе се сеќава на мрачната ноќ на 15 јули како и разбојничките чети со црн дух.

Во судењето на осомничените за обид за воен удар, нема да има отстапки од правдата, рече Куртулмуш. Сите оние кои што се поврзани со организацијата (ФЕТО), ќе положат сметка. Нема да има толеранција, но исто така нема да се направат отстапки. Уште еднаш сакам да ги потсетам граѓаните дека сите оние кои што немаат никаква врска со терористичката организација, нема потреба да се плашат.

Целиот народ, без оглед на нивното етничко потекло, дали е Турчин, Курд, Черкез или Лаз беа единствени и сплотени во борбата против обидот за воен удар. Отпорот што беше покажан претставува силна порака против непријателот.

Потпретседателот Куртулмуш додаде дека сите ние сме деца на ист народ, приврзаници на иста религија, деца на иста татковина и тоа уште еднаш го дознавме ноќта на 15 јули. Истата ноќ внатрешните и надворешните непријатели имаа можност да увидат дека овој народ е непобедлив.



Слични вести