На собирот пред џамијата Миллет во Бештепе, владееше жалост, тага, солзи и гордост

Сите раце се кренаа за молитва за татковината, народот и шехидите

541004
На собирот пред џамијата Миллет во Бештепе, владееше жалост, тага, солзи и гордост
gül demokrasi nöbeti.jpg
beştepe demokrasi nöbeti2.jpg
beştepe cumhurbaşkanı ağlama.jpg
beştepe demokrasi nöbeti.jpg
beştepe demokrasi nöbeti1.jpg

Втората недела од обидот за воен удар, граѓаните продолжуваат да се собираат на плоштадите и да ја чуваат демократијата.

Синоќа, плоштадот Кизилај во Анкара повторно беше исполнет со илјадници граѓани од сите возрасти.

На собирот дежурство за демократијата на плоштадот Кизилај се наоѓаа голем број осноположители на образовни установи, раководители, наставници, учители и ученици.

Граѓаните со турски знамиња во рацете извикуваа текбир и пееја песни.

Собирот на граѓаните за заштита на демократијата траеше до раните утрински часови.

На собирот пред џамијата Миллет (Народ) во Бештепе, на „дежурството за демократија“ владееше жалост, тага, солзи и гордост.

Комеморативната програма посветена на хероите/шехидите што се одржа во Конгресниот и културен центар Миллет во претседателскиот дворец беше проследена преку џиновските екрани.

Илјадници граѓани со турски знамиња во рацете кои се собраа пред џамијата, лееја солзи за загинатите херои.

За време на комеморацијата, освен блиските на загинатите и ветераните, солзи лееше и целиот протокол.

Сите раце се кренаа за молитва за татковината, народот и шехидите.

Граѓаните кои излегоа во пресрет на националната волја и се спротивставија на обидот за воен удар, со иста решителност и возбуденост со дежурството за заштита на демократијата продолжија и во Истанбул.

11-от претседател на републиката Адбулах Ѓул и некои интерпретатори и уметници во знак на поддршка на дежурството за демократија, дојдоа на плоштадот во населбата Бејкоз.

Иста возбуденост владееше и пред резиденцијата на претседателот Ердоган во населбата Кисикли, каде што е држи дежурство за демократијата.

Граѓаните кои се собраа пред плоштадот Таксим на Истанбул, кој важи за еден од симболите на дежурствата за демократија, комеморативната програма во претсдетаелскиот дворец имаа можност да ја проследат преку џиновските екрани кои беа поставени и брановите на ТРТ која во живо ја пренесуваше програмата.

На дежурството за демократијата на плоштадот во Изник во Бурса, собраните граѓани, за време на телефонскиот разговор меѓу премиерот Бинали Јилдирим и градоначалникот на Изник упатија порака за братство и единство.

Премиерот Јилдирим во ова прилика рече дека имаме можност да видиме дека народот е недделив, а Турција непобедлива. Денес нашата доверба во народот, Турција е многу поголема од минатото. Аллах да не дозволи уште еднаш народот да биде изложен на ваква тага и жалост. Монструмите облечени во војничка униформа, приврзаниците на терористичката организација ФЕТо кои се обидоа да извршат воен удар случајно да не помислат дека сето она што го направија ќе остане без да се наплати цехот за тоа. Во името на шехидите и ветераните, 79 милиони граѓани на татковината ќе бараат да се наплати цехот за сторените злосторства. Бидете убедени во тоа, подвлече премиерот Јилдирим.



Слични вести