„На 15 јули народот покажа демократски рефлекс кој што служи за пример“

Министерот за култура и туризам Наби Авџи истакна дека за време на обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ на 15 јули народот покажа демократски рефлекс кој што служи за пример

541281
„На 15 јули народот покажа демократски рефлекс кој што служи за пример“

Министерот за култура и туризам Наби Авџи ја посети полициската станица во Ченѓелќој во Истанбул која беше нападната од страна на пучистите за време на обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули и овде им посака милост од Аллах на жртвите-шехиди, а на повредените-газии им посака побрзо оздравување.

Наби Авџи истакна дека на 15 јули народот покажа демократски рефлекс кој што служи за пример.  

Критикувајќи ги светскиот медиуми поради пристрасноста што ја презентираа ноќта на 15 јули за време на обидот за воен удар, министерот Авџи рече: „Со зачуденост видовме како го искривоколчија демократскиот отпор на народот. Турските медиуми пак со емисиите кои што ги емитуваше во живо им го даде најдобриот одговор.“

Министерот за култура и туризам Наби Авџи продолжи со следните зборови: „Повторно одново им се заблагодарувам на нашиот народ и на нашите полициски сили кои водеа јуначка борба на улиците против оваа неволја. Аллах да ги чува нашата татковина и нашиот народ.“



Слични вести