„Бројот на притворените по обидот за воен удар изнесува 18.699, а 10.137 лица се уапсени“

Претседателот Ердоган истакна дека бројот на притворените по обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ изнесува 18.699, а 10.137 лица се уапсени

541316
„Бројот на притворените по обидот за воен удар изнесува 18.699, а 10.137 лица се уапсени“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган беше гостин во програмата во живо на еден приватен телевизиски канал и притоа направи проценка на случувањата во врска со обидот за воен удар на 15 јули.

Претседателот Ердоган истакна дека бројот на притворените по обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ изнесува 18.699, а 10.137 лица се уапсени.

Ердоган додаде дека бројот на жртвите-шехиди за време на обидот за воен удар изнесува 237 лица, а 2.191 лице беа повредени.

Велејќи дека по одбиениот обид за воен удар народот многу подобро ја сфати оваа илегална организација која располага со свои 2.000 ќелии во светот, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Постои организираност во сите институции на државата. Сите треба да ги исчистиме. Како прво има голем број разрешувања од должност. Овој процес на разрешување од должност освен тоа што ќе го продолжиме во текот на вонредната состојба, доколку се согледа дека не оди кон нормализирање, би можеле вонредната состојба да ја продолжиме како што беше случај и во Франција.“

Претседателот Ердоган истакна дека отсега во Жандармеријата нема да се регрутираат војници и десетари, офицерите од класата кои се на задача на терен (не се од класата штабни офицери) ќе можат да бидат наименувани во генерали, воените школи-гимназии ќе бидат затворени, ќе се формира Жандармериска академија, од гимназија ќе може да се преминува во воена академија, ќе се формира Универзитет за национална одбрана и бродоградилиштата и сите команди на родовите во армијата ќе бидат вклучени во составот на министерството за одбрана.



Слични вести