Британскиот амбасадор во Анкара Ричард Мур во посета на шефот на турската полиција Лекесиз

Британскиот амбасадор во Анкара Ричард Мур беше во посета на шефот на турската полиција Џелалеттин Лекесиз до кого го изрази своето сочувство по повод смртта на припадниците на полицијата за време на обидот за преврат на терористичката ФЕТО/ПДЈ на 15 јули

541240
Британскиот амбасадор во Анкара Ричард Мур во посета на шефот на турската полиција Лекесиз

Британскиот амбасадор во Анкара Ричард Мур го посети шефот на турската полиција Џелалеттин Лекесиз до кого го изрази своето сочувство по повод смртта на припадниците на полицијата за време на обидот за воен удар на 15 јули.

Според добиени информации амбасадорот Мур истакнал дека британската влада и самиот остро го осудуваат обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈна 15 јули, а воедно рекол дека прв странски владин финкционер кој допатува во Турција по обидот за воен удар беше британскиот заменик министер за надворешни работи одговорен за Америка и Европа Ален Данкан.

Велејќи дека Велика Британија отсекогаш ги поддржува демократските институции во Турција амбасадорот Ричард Мур  изнесе пофалби на сметка на храброста на турската полиција за време на терористичките настани, а исто така го изрази и задоволството од внимателноста и напорите кои што ги преземаа турските полицајци за воспоставување на безбедноста на туристите кои ги согледал лично за време на неговата посета на Фетхије и Мармарис.



Слични вести