Претседателот Ердоган во посета на полициските сили за специјални операции

Претседателот Ердоган ги посети полициските сили за специјални операции во Ѓолбаши во Анкара каде што за време на предавничкиот бунт на терористичката ФЕТО/ПДЈ ноќта на 15 јули животот го загубија 50 припадници на полициските сили за специјални операции

540418
Претседателот Ердоган во посета на полициските сили за специјални операции

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган ги посети полициските сили за специјални операции во Ѓолбаши во Анкара каде што за време на предавничкиот бунт на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ ноќта на 15 јули животот го загубија 50 припадници на полициските сили за специјални операции.

Во говорот што го одржа во оваа прилика претседателот Ердоган истакна дека некои американски генерали наместо да и се заблагодарат на Турција за одбиениот обид за преврат на 15 јули стојат покрај пучистите.

Велејќи „Пучистот ионака е во твојата земја“, Ердоган остро одговори и на критиките во врска со отстранувањето на членовите на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ од Турските вооружени сили (ТВС) по обидот за преврат.

Алудирајќи на зборовите на американскиот командант на Централната комада на САД Џозеф Вотел кој рече „се уапсени генералите со кои бевме во контакт“, претседателот Ердоган одговори со следните зборови: „Со ваквите изјави се откриваат себе си. Американскиот командант со овие негови зборови стои покрај пучистите.“  

Велејќи „Со овие ваши изјави се откривате себе си околу тоа кои се наоѓаат во позадината на оваа работа и кој е менторот во оваа работа“, Ердоган го подвлече следното: „Турција нема да западне во оваа игра. Со оваа предизвикана штета тие нам ни ја избричаа брадата. Не заборавајте избричената брада расте побрзо и станува погуста.“ 



Слични вести