„Челникот на ФЕТО/ПДЈ Фетулах Ѓулен е поопасен и од поранешниот лидер на Ал Каеда Усаме Бин Ладен“

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик истакна дека челникот на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ Фетулах Ѓулен е поопасен ид од поранешниот лидер на Ал Кеда Усаме Бин Ладен

540756
„Челникот на ФЕТО/ПДЈ Фетулах Ѓулен е поопасен и од поранешниот лидер на Ал Каеда Усаме Бин Ладен“

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик во програмата на еден приватен телевизиски канал направи проценка на актуелниот дневен ред и притоа истакна дека челникот на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ Фетулах Ѓулен е поопасен ид од поранешниот лидер на Ал Кеда Усаме Бин Ладен.

Челик рече дека САД треба веднаш да го екстрадираат Ѓулен во Турција. 

Министерот Омер Челик напомена дека екстрадицијата на челникот на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ Фетуллах Ѓулен ќе има значаен придонес и за односите помеѓу САД и Турција.

Реагирајќи на изјавата на американскиот командант на Централната комада на САД (CENTCOM) Џозеф Вотел кој рече „некои команданти со кои сме во контакт се во затвор“, министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик додаде дека прашањето ќе биде поставено на дневен ред за време на претстојната посета на началникот на Здружениот генералштаб на Воружените сили на САД Џозеф Данфорд на Анкара на 31 јули во недела.



Слични вести