Чавушоглу оствари телефонски разговор со својот бахреински колега
Бахреинскиот министер за надворешни работи шеик Халит Бин Ахмет Бин Мухамед Ал-Халифа истакна дека неговата земја во контекст на предавничкиот обидот за преврат на 15 јули ги поддржува демократскиот процес и демократски избраната влада во Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Бахреин шеик Халит Бин Ахмет Бин Мухамед Ал-Халифа.
Телефонскиот разговор беше остварен на барање на бахреинскиот министер за надворешни работи кој истакна дека неговата земја во контекст на предавничкиот обидот за преврат на 15 јули ги поддржува демократскиот процес и демократски избраната влада во Турција и нагласи дека исто така се во солидарност со Турција.
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу му се заблагодари на својот бахреински колега за доставената поддршка.
Од друга страна во телефонскиот разговор стана збор и за календарот на билатералните односи и посетите на високо ниво што ќе се остварат во наредниот период, а воено беа разменети мислења и во врска со петтиот состанок за стратешки дијалог на министрите за надворешни работи на Турција и Советот за заливска соработка.
Слични вести

Ердоган: „До крајот на 2023 планираме да завршиме 150 подземни брани“
Се надевам дека во Дијарбакир нема да оставиме ниту еден сантиметар земја без вода