Во Анкара се состана Врховниот воен совет

Пред седницата членовите на советот на чело со премиерот Бинали Јилдирим положија венец на мавзолејот на Ататурк

539422
Во Анкара се состана Врховниот воен совет

Во Анкара се состана Врховниот воен совет

Пред седницата членовите на советот на чело со премиерот Бинали Јилдирим положија венец на мавзолејот на Ататурк .

Премиерот Јилдирим во спомен книгата на мавзолејот напиша: без сомнение дека ќе ги уништиме сите оние терористички организации кои ќе се устремат кон единството на народот и територијалниот интегритет на Турција.

Нешто потоа делегацијата на Врховниот воен совет на чело со премиерот Бинали Јилдирим се уапти кон владината зграда во Чанкаја.

Главна точка на дневниот ред на состанокот на Врховниот воен совет ќе биде извештајот за обидот за воен удар на 15 јули реализиран од страна на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ.

Седницата ќе трае само еден ден наместо три колку што траеја порано седниците на Врховниот воен совет.

Одлуките кои што се донесуваат на седниците на Врховниот воен совет ги потпишува претседателот Реџеп Тајип Ердоган по што и се соопштуваат на јавноста.



Слични вести