Објавени одлуките на Врховниот воен совет

Хулуси Акар ќе продолжи со функцијата началник на генералштабот

539893
Објавени одлуките на Врховниот воен совет

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин рече дека одлуките кои беа усвоени на состанокот на Врховниот воен совет, беа ратификувани од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Според усвоените одлуки, на местото втор началник на Генералштабот беше поставен командантот на Првата армија, генерал на армија Умит Дундар.

Актуелниот втор началник на генералштабот, генерал на армија Јашар Ѓулер беше назначен за командант на жандармеријата.

Командантот на поморските сили, адмиралот Булент Бостаноглу, командантот на копнените сили генерал на армија Зеки Чолак и командантот на воздушните сили генерал на армија Абидин Унал ќе останат на функциите.



Слични вести