Претседателот Ердоган одржа серија телефонски разговори со низа светски лидери

Лидерите истакнаа дека се против обидот за воен удар, дека ја поддржуваат избраната влада на Турција и дека изразуваат целосна солидарност на турскиот народ

539060
Претседателот Ердоган одржа серија телефонски разговори со низа светски лидери

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржа серија телефонски разговори со низа светски лидери кои сакаа да ја изразат поддршката на Турција во борбата против терористичката организација Фетулахчи / паралелни државни структури ФЕТО/ПДЈ која на 15 јули сакаше да изврши воен удар.

Според извори од кабинетот на претседателот, Ердоган денес одржа телефонски разговори со членот на трипартитното претседателство на БиХ Бакир Изетбеговиќ, бахреинскиот крал Хамад Бин Иса бин Салман Ал Калифа генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

Лидерите кои по телефон го побараа претседателот Ердоган истакнаа дека се против обидот за воен удар, дека ја поддржуваат избраната влада на Турција и дека изразуваат целосна солидарност на турскиот народ.

Лидерите на разговорите изразија сочувство за загинатите херои во огнот што беше отворен од страна на приврзаниците на терористичката организација и отпорот што го пружија.

Лидерот на движењето „Нахда“ во Тунис, Рашид Ал Гануши исто така го побара претседателот Ердоган и му изрази поддршка и сочувство.



Слични вести