Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала рече дека досега биле притворени 8 113 лица

Од 10 012 воени лица, биле приведени и притворени 178 генерали, 2 728 офицери, 7 106 подофицери

538896
Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала рече дека досега биле притворени 8 113 лица

Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала рече дека по обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи / паралелна држава ФЕТО/ПДЈ биле приведени 8 113 лица.

Во интервјуто за еден приватен ТВ канал, министерот Ала се осврна на информациите во врска со вкупниот број на приведени и притворени лица.

Според информациите, од 10 012 воени лица, биле приведени и притворени 178 генерали, 2 728 офицери, 7 106 подофицери.

Од 5 266 воени лица 151 генерал, 1 656 офицери беа уапсени.

Од полицијата беа приведени 2 901 лице, од кои 1019 беа уапсени.

Во рамките на истрагата против терористичката организација беа приведени 1 167 судии и обвинители, од кои 1 684 беа притворени.

Министерот Ала подвлече дека продолжуваат активностите за казнување на сторителите на обидот за воен удар и укинување на заканата.



Слични вести