Жандармеријата и крајбрежната стража ќе преминат во состав на министерството за внатрешни работи

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека ќе се подготви уредба со законска сила за жандармеријата и крајбрежната стража ќе бидат вклучени во составот на министерството за внатрешни работи

537488
Жандармеријата и крајбрежната стража ќе преминат во состав на министерството за внатрешни работи

По состанокот на владата што се одржа во претседателската палата во Бештепе во Анкара под претседателство на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган пред камерите се појави премиерот Бинали Јилдирим кој ги информираше претставниците на печатот за содржината на разговорите, а потоа одговараше и на прашањата на новинарите.

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека ќе се подготви уредба со законска сила за жандармеријата и крајбрежната стража ќе бидат вклучени во составот на министерството за внатрешни работи и рече: „Ќе продолжат и другите неопходни работи за институционално структуирање.“ 

Велејќи дека не постои било каков проблем во примената на вонредната состојба која беше воведена на 20 јули од страна на државата, Јилдирим нагласи дека целта е да се добие брз и дефинитивен резултат во борбата против терористичката организација фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ.

Бинали Јилдирим подвлече дека на висечкиот мост над Босфорот „Богазичи“ е одлучено да му се даде името „Мост на шехидите од 15 јули“ и напомена дека исто така и во Истанбул и Анкара ќе бидат изградени по еден споменик на шехидите.

Бинали Јилдирим информираше дека е отворена сметка во државните банки за блиските на граѓаните кои го загубија животот-станаа шехиди ноќта на 15 јули кога беше извршен предавничкиот обид за воен удар и истакна дека на тој начин ќе може да им се помогне на овие наши граѓани.

„Оние кои мислеа дека со обидот за воен удар ќе ја принудат нашата држава да потклекне на колега уште еднаш за излажаа во тоа. Нашиот народ ќе ги продолжи еланот и одлучноста  и во постигнување на своите цели за 2023 година.“ - рече Јилдирим.

Премиерот Бинали Јилдирим потсети дека пред состанокот на владата заедно и со лидерите на Републиканската народна партија (ЏХП) и Партијата за националистичко движење (MHP)  остварија средба со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и дека притоа постигнале согласност по прашањето на правење низа преуредувања во Уставот.

Јилдирим додаде дека постои компромис меѓу лидерите на трите политички партии и по прашањето на подготвување на новиот Устав и дека воедно започна и процесот по ова прашање.



Слични вести