Усвоен предлогот за формирање собраниска комисија за истражување на обидот за преврат

Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) едногласно го усвои предлогот за формирање собраниска комисија за истражување на обидот за воен удар на 15 јули

538256
Усвоен предлогот за формирање собраниска комисија за истражување на обидот за преврат

На генералната седница на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) едногласно беше усвоен предлогот за формирање собраниска комисија за истражување на обидот за воен удар на 15 јули.

За збор се јави потпретседателката на пратеничката група на владејачката АК Партија Илкнур Инџеоз од чија страна беше подготвен и предлогот која во своето обраќање до пратениците од собраниската говорница истакна дека се соочуваме со една подла, предавничка терористичка организација.

Пратеникот на Републиканската народна партија (ЏХП) од Мугла Омер Суха Алдан истакна дека комисијата за истражување што ќе се формира треба да биде составена од еднаков број членови и од партиите, како што беше случај со комисијата за компромис.

Пратеникот на Партијата за националистичко движење (МХП) Мехмет Ердоган во своето обраќање до пратениците се осврна на значењето од продолжување на средината на компромис и дијалог.

Пратеникот на Демократската партија на народите (ХДП) Џелал Доган истакна дека станува збор за обид за воен удар кој што е различен од досегашните.



Слични вести