Разрешени од должност двајца амбасадори поврзани со терористичката организација ФЕТО/ПДЈ

Разрешени се од должност Ѓурџан Балик кој им беше советник на поранешниот претседател Абдуллах Ѓул и на поранешниот министер за надворешни работи и поранешен премиер Ахмет Давутоглу, како и поранешниот амбасадор на Турција во Канада Тунџај Бабали

537935
Разрешени од должност двајца амбасадори поврзани со терористичката организација ФЕТО/ПДЈ

Министерството за надворешни работи на Турција по обидот за воен удар на 15 јули извршен од страна на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ поради поврзаност со оваа терористичка организација разреши од должност двајца амбасадори.

Како што се дознава разрешени се од должност двајца амбасадори и тоа Ѓурџан Балик кој ја извршуваше функцијата советник на поранешниот претседател Абдуллах Ѓул и на поранешниот министер за надворешни работи и поранешен премиер Ахмет Давутоглу, како и поранешниот амбасадор на Турција во Канада Тунџај Бабали.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави вчера дека продолжуваат активностите за утврдување на членовите на терористичката органзиација ФЕТО/ПДЈ по обидот за воен удар на 15 јули и дека ќе има разрешувања од должности и на ниво на амбасадори во министерството за надворешни работи.

Истакнувајќи дека поради замешеност на некои службеници во обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ ќе има отстранувања од работа и во министерството за надворешни работи, Чавушоглу напомена дека амбасадорите кои ќе бидат разрешени од должност се наоѓаат на пасивни должности.

„Досега не им беше дадена активна должност беа во министерството, нив ги повлековме. Ќе има и некои службеници со помали чинови кои ќе ги повлечеме од странство. Тие исто така треба сигурно да бидат отстранети од министерството.“ - рече министерот за надворешни работи Мевлут Чачушоглу.



Слични вести