Пучистите ќе бидат погребани во „Гробишта на предавниците“

Пучистите членови на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ кои на 15 јули се обидоа да извршат преврат ќе бидат погребани во „Гробишта на предавниците“

538137
Пучистите ќе бидат погребани во „Гробишта на предавниците“

Учесниците во обидот за преврат (пучистите) нема да се погребуваат во гробиштата каде што се погребуваат граѓаните...

Во Истанбул за членовите на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ кои на 15 јули се обидоа да извршат преврат се подготвени „Гробишта на предавниците“.

Градоначалникот на Истанбул Кадир Топбаш пред неколку дена изјави дека во овие гробишта кои се подготвени за предавниците на татковината е погребан првиот предавник-пучист.

Како што се дознава тој предавник-пучист бил таканаречениот капетан Мехмет Карабекир кој ноќта на 15 јули за време на обидот за воен удар го застрела претседателот на месната заедница (мухтарот) на маалото Аџибадем.

„Гробиштата на предавниците“ се наоѓаат во местото Тепеорен во населбата Тузла во Истанбул веднаш до засолништето за животни.



Слични вести