Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Хусејин Озѓурѓун во посета на Анкара

Премиерот Бинали Јилдирим го дочека со официјална церемонија премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Хусејин Озѓурѓун во владиниот дворец на Чанкаја

538022
Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Хусејин Озѓурѓун во посета на Анкара

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Хусејин Озѓурѓун и делегацијата во негова придружба престојува во посета на Анкара каде што во владиниот дворец на Чанкаја беше пречекан со официјална церемонија од страна на премиерот Бинали Јилдирим.

На церемонијата за дочек присуствуваа и потпретседателот на владата Тугрул Туркеш, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за култура и туризам Наби Авџи и министерот за шумарство и водостопанство Вејсел Ероглу.

По официјалниот дочек се премина кон билатерална средба и разговори помеѓу делегациите на двете земји.

Главна точка на дневниот ред на разговорите беше обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули.

По обидот за воен удар со одлука на владата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)  терористичката организација ФЕТО/ПДЈ беше внесена во списокот на терористички организации во оваа земја.

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека пучистите кои пребегале во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе бидат екстрадирани во Турција.

Двајцата премиери, Бинали Јилдирим и Хусејин Озѓурѓун разговараа и за состојбата во врска со воените единици на Турските вооружени сили (ТВС) распордени во Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

По средбата лице в лице двајцата премиери Јилдирим и Озѓурѓун се појавија пред камерите и одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека турскиот народ на 15 јули напиша еп и нагласи дека со цврстиот и одлучен став на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, владата и народот беше елиминиран овој предавнички обид и беше заведена една новина во историјата на светската демократија. 

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Хусејин Озѓурѓун пак рече дека нема да се дозволи делувањето на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ во Северен Кипар.



Слични вести