Премиерот Јилдирим ги прими граѓаните кои станаа симбол на отпорот против обидот за пуч

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека имињата на граѓаните кои по цена и на својот живот излегоа на улиците и се испречија пред пучистите спротивставувајќи се на обидот за воен удар се запишани со златни букви во историјата

538172
Премиерот Јилдирим ги прими граѓаните кои станаа симбол на отпорот против обидот за пуч

Премиерот Бинали Јилдирим ги прими во владиниот дворец на Чанкаја во Анкара граѓаните кои за време на обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ по цена и на својот живот излегоа на улиците и се испречија пред пучистите.

Во оваа прилика премиерот Јилдирим истакна дека имињата на граѓаните кои се спротивставија на обидот за воен удар се запишани со златни букви во историјата. 

Бинали Јилдирим се состана со Мустафа Озбеј кој управуваше со тенкот кој беше напуштен од страна на пучистите во градот Малатја, Метин Доган кој легна пред еден тенк пред аеродромот Ататурк во Истанбул и Шерифе Боз која управуваше со камионот со кој заедно и со нејзиниот маж и нејзината комшика Ѓулсехер Јуксел дојде на плоштадот Таксим за да се испречи пред пучистите. 

Нагласувајќи дека турскиот народ ноќта за време на обидот за воен удар напиша еп и дека таа ноќ сите граѓани беа јунаци, премиерот Бинали Јилдирим рече: „Чувствувам голема радост и голема чест поради тоа што се состанувам со нашите јунаци кои станаа симбол на отпорот. Вие вашето име го запишавте со златни букви во историјата. Секој од вас одделно ги овековечи духот на анадолската жена и благородноста на нашиот анадолски човек.“

Граѓаните исто така посакаа земјата да не доживее уште еднаш вакви болки и истакнаа дека секогаш ќе бидат будни за одбрана на својата татковина и своето знаме.



Слични вести