Ердоган и Путин ќе се состанат на 9 август во Санкт Петербург

Потпретседателот на владата Мехмет Шимшек истакна дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на 9 август ќе се состанат во рускиот град Санкт Петербург

Ердоган и Путин ќе се состанат на 9 август во Санкт Петербург

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин ќе се состанат на 9 август во рускиот град Санкт Петербург.

Изјавата во врска со оваа прва средба што ќе се одржи по започнувањето на новиот период во турско-руските односи пристигна од потпретседателот на владата Мехмет Шимшек кој заедно со министерот за економија Нихат Зејбекчи престојува во посета на Москва.

Мехмет Шимшек во рамките на своите разговори во Москва се состана со потпретседателот на руската влада Аркадиј Дворкович по што даде изјави во врска со односите помеѓу двете земји.

Истакнувајќи дека претсеадтелот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на 9 август ќе се состанат во рускиот град Санкт Петербург, Мехмет Шимшек рече: „Посакуваме да ги развиеме нашите односи и да ги издигнеме на повисоко ниво од периодот пред 24 ноември.“

Инаку на 24 ноември руски воен авион го наруши турскиот воздушен простор на границата со Сирија и беше соборен од страна на турските воени авиони од типот Ф-16.

Односите помеѓу двете земји кои по соборувањето на рускиот воен авион беа затегнати потоа по испратеното писмо од страна на претсеадтелот Реџеп Тајјип Ердоган до рускиот претседател Владимир Путин и средбата на министрите за надворешни работи на двете земји Мевлут Чавушоглу и Сергеј Лавров во рускиот приморски град Сочи по повод состанокот на Организацијата за црноморска економска соработка, влегоа во процес на нормализација.



Слични вести