Џевдет Јилмаз: Терористичкиот водач фетулах Ѓулен е слуга на странски сили

Потпретседателот на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) Џевдет Јилмаз истакна дека Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ е слуга на странски сили

538161
Џевдет Јилмаз: Терористичкиот водач фетулах Ѓулен е слуга на странски сили

Потпретседателот на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) Џевдет Јилмаз беше гостин во програмата на ТРТ Хабер во живо и притоа истакна дека Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ е слуга на странски сили кај кои се засолнува против сопствената земја и сопствениот народ.

Јилмаз рече: „Додека луѓето одат во смрт Ѓулен е во сигурни раце потпирајќи го својот грб кон странски сили и на тој начин се обидува да го продолжи својот живот.“ 

Потсетувајќи на зборовите на терористичкиот водач Фетулах Ѓулен кој речиси им се моли на САД и вели „ве молам немојте да ме екстрадирате“, Џевдет Јилмаз го повика овој терористички водач да дојде во својата земја и да и се предаде на правдата.

Јилмаз нагласи дека обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура всушност е во својство на лекција за сите земји.

„Оној кој и го прави ова на сопствената земја, може да направи слични работи и во други земји. Овој човек треба да биде оцрнет во целиот свет како потенцијален пучист. Треба да се предупредат сите земји во кои делува овој човек. Значајно е да преземат мерки во однос на тоа слични работи да не ги затечат и нив.“ - рече потпретседателот на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) Џевдет Јилмаз.



Слични вести