Во кукавички напад на патот помеѓу Мардин и Шанлиурфа животот го загубија тројца полицајци

Во моментот на поминување на оклопно полициско возило на патот помеѓу градовите Мардин и Шанлиурфа терористи на ПКК активираа експлозивна направа и во експлозијата животот го загубија тројца полицајци припадници на силите за специјални операции

537235
Во кукавички напад на патот помеѓу Мардин и Шанлиурфа животот го загубија тројца полицајци

Во реализиран кукавички напад од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК помеѓу градовите Мардин и Шанлиурфа животот го загубија тројца полицајци припадници на силите за специјални операции.

Во моментот на поминување на оклопно полициско возило на меѓународниот Пат на свилата помеѓу населеното место Кизилтепе во округот Мардин и населеното место Вираншехир во округот Шанлиурфа од страна на припадници на терористичката ПКК беше активирана однапред поставена експлозивна направа.

Притоа во експлозијата беа повредени тројца полицајци припадници на силите за специјални операции кои беа префрлени на лекување во болница, но и покрај сите обиди на лекарите им подлегнаа на раните и го загубија животот.

На местото на кукавичкиот напад беа испратени безбедносни сили кои започнаа операција од широки рамки.



Слични вести