Владата започна „Кампања за солидарност“ со граѓаните-шехиди и повредените за време на превратот

Во Службениот весник на Р. Т. е објавен владин циркулар за солидарност со граѓаните кои го загубија животот и станаа шехиди и кои беа повредени за време на обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО

536837
Владата започна „Кампања за солидарност“ со граѓаните-шехиди и повредените за време на превратот

Владата започна „Кампања за солидарност“ со граѓаните кои го загубија животот и станаа шехиди и кои беа повредени за време на обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО.

Владиниот циркулар по ова прашање беше обавен во Службениот весник.

Во објавениот циркулар со потпис на премиерот Бинали Јилдирим се истакнува дека обидот за рушење на уставниот поредок беше елиминиран со мудроста и издржливоста на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган, одлучниот став на владата и со решителноста на честиот народ кој застана во одбрана на својата држава и демократската волја.

Во владиниот циркулар се вели следното: „За намалување на болките на семејствата на нашите граѓани-шехиди кои го загубија својот живот за време на предавничкиот вооружен обид за преврат и за споделување на болките на нашите ранети граѓани, Владата сите права кои што им се признаваат на нашите граѓани кои го губат животот и здобиваат трајни повреди во борбата против тероризмот и стануваат шехиди или ветерани, им ги признава и ним и ги мобилизира сите можности за овие наши граѓани.“ 

Во рамките на започнатата кампања се отворени сметки во Зираат банката, Вакифбанк и Халкбанк.

Оние кои сакаат да донираат за оваа кампања исто така можат да испратат и СМС порака преку мобилните оператори Турксел, Водафон и Турк Телеком со тоа што во СМС пораката ќе напишат „15 јули“ и ќе донираат по 5 турски лири.



Слични вести