„Терористичкиот водач во Пенсилванија ќе биде донесен во Турција“

Министерот за надворешни работи Чавушоглу истакна дека се доставени неопходните правни документи и докази за екстрадиција на Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката организација ФЕТО и додаде дека САД веќе не можат да прашуваат дали постојат докази

536803
„Терористичкиот водач во Пенсилванија ќе биде донесен во Турција“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу синоќа на 10-от ден од дежурањето за чување на демократијата во своето обраќање до граѓаните во градот Конја истакна дека терористичкиот водач во Пенсилванија ќе биде донесен во Турција.

Велејќи дека сите оние кои по замешаност во обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО избегаа во странство еден по еден ќе бидат вратени во Турција и од сите нив ќе се побара сметка, Чавушоглу напомена дека се доставени неопходните правни документи и докази за екстрадиција на Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката организација ФЕТО и додаде дека САД веќе не можат да прашуваат дали постојат докази.  

Мевлут Чавушоглу истакна дека едно по едно се затвараат сите здруженија и институции на терористичката организација ФЕТО и во странство.

„Во Азербејџан се затворени нејзини универзитети и телевизиски канали. Братска Сомалија со одлука на својата влада ги сопре сите нивни активности и им даде рок од една недела да ја напуштат земјата. Се затвараат училиштата во Нигер. На ист начин ги продолжуваме нашите работи за стопирање на нивните активности и во останатите земји. Турската  Република Северен Кипар (ТРСК) ја прогласи ФЕТО за терористичка организација. Ги следиме нивните активности и таму. Ќе ставиме крај на сите нив.“ - рече министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и напомена дека ќе се изврши чистка и во неговото министерство.

Велејќи дека превратот на 15 јули не претставува прв обид на терористичката организација ФЕТО, Чавушоглу истакна дека оваа организација постојано се обидува на различни начини да и наштети на Турција и рече: „Овие ист обид реализираа и за време на процесот од 17-25 декември. Всушност оттогаш досега никако и не застанаа. Беа заедно со сите оние кои се против Турција. Се приклучија кон секое лоби кое е непријателски настроено против Турција, во Америка, Англија, Германија. За иницирање одредена одлука против Турција работеа деноноќно на сите меѓународни платформи. Откако не можеа да го постигнат посакуваното и од овде овие предавници се фатија рака за рака со терористичките организации како ПКК, ДХКП-Џ кои посегнуваат по стабилноста и територијалниот интегритет на Турција.“



Слични вести