Претседателот Ердоган ги покани лидерите на трите политички партии АКП, ЏХП и МХП

Претседателот Ердоган на лидерите на трите политички партии АКП, ЏХП и МХП (Бинали Јилдирим, Кемал Киличдароглу, Девлет Бахчели) ќе им се заблагодари за одлучниот став против обидот за воен удар на 15 јули

536985
Претседателот Ердоган ги покани лидерите на трите политички партии АКП, ЏХП и МХП

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган ги покани  во претседателската палата во Бештепе во Анкара лидерите на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партија) и премиер Бинали Јилдирим, главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу и Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели.

Претседателот Ердоган на лидерите на трите политички партии ќе им се заблагодари за одлучниот став против обидот за воен удар на 15 јули.

Генералниот секретар на претседателот Ердоган, Фахри Касирга во писмото што го испрати до надлежните на трите политички партии истакна дека Турција на 15 јули беше подложена на обид за вооружен и крвав преврат кој беше извршен од страна на група терористи облечени во воена униформа, припадници на терористичката организација ФЕТО.

Во писмото се нагласува дека одлучниот став што беше презентиран од страна народот пред обидот за воен удар се очекува да се покажува и од страна на политичките партии и се вели следното:

„Нашиот народ кој со одлучниот став што го презентира против оваа тиранија им постави мошне значајни одговорности на сите наши институции, очекува истото да го покажат и нашите политички партии заедно и со нашите други институции, во овој критичен период кога нашето единство треба да бидат на највисоко ниво.“

„Во тие рамки господинот претседател на 25 јули, понеделник (денеска) во 14:00 часот ги поканува претседателот на Републиканска народна партија (ЏХП) господинот Кемал Киличдароглу, претседателот на Партијата за националистичко движење (МХП) господинот Девлет Бахчели и претседателот на АК Партијата и премиер господинот Бинали Јилдирим во претседателската палата во Бештепе за да им се заблагодари за одлучниот став против обидот за воен удар и за правење проценка и земање на нивните предлози во врска со последните случувања.“



Слични вести