Осврт на портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин за „Њујорк Тајмс“

Калин истакна дека САД треба да го екстрадираат во Турција челникот на терористичката организација ФЕТО кој се наоѓа во позадината на крвавиот обид за преврат

536741
Осврт на портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин за „Њујорк Тајмс“

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин напиша осврт за американскиот весник „Њујорк Тајмс“ пов наслов: „Лидерот на превратот треба да положи сметка“.

Калин во својот осврт истакна дека САД треба да го екстрадираат во Турција фетулах Ѓулен, челникот на терористичката организација ФЕТО кој се наоѓа во позадината на крвавиот обид за преврат.

Велејќи дека да се застанува во одбрана на тоа оти обидот за воен удар на 15 јули претставува приредена театарска претстава и несериозност исто колку тврдењето дека нападите од 11 септември се реализирани од страна на САД, Ибрахим Калин нагласи дека изјавите на испланирачите на превратот и добиените докази од нив укажуваат на Фетуллах Ѓулен како лидер на овој обид.

Калин во својот напис исто така подвлече дека со отстранување од должност на државните службениците кои се членови на терористичката организација ФЕТО  Република Турција е посилна и транспарентна држава.

Укажувајќи на тоа дека членовите на терористичката организација ФЕТО (Ѓуленистите) од почетокот на 1980-десетите години се однесуваа како мирољубиви волонтери за образование, но дека секогаш имаа една мрачна страна, Ибрахим Калин истакна дека членовите на оваа организација се инфилтрираа во администрацијата и тоа правосудството и органите за безбедност и манипулираа со системот во полза на сопствените интереси.

Калин нагласи дека согласно постоечкиот договор помеѓу двете земји САД треба да го екстрадираат Фетулах Ѓулен во Турција и дека Вашингтон не треба да му помогне овој човек (Ѓулен) да бега од турската правда користејќи ги притоа американските закони. 

Подвелкувајќи дека турскиот народ во поблиското минато никогаш не беше толку многу сплотен, Ибрахим Калин додаде дека во секоја демократија можно е да постојат одредени разидувања во ставовите, но напомена дека 15 јули покажа оти  демократијата, слободата и владеењето на правото не се средство за пазарење.  

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин во освртот за американскиот весник „Њујорк Тајмс“ пов наслов: „Лидерот на превратот треба да положи сметка“ потцрта дека турскиот народ бара повторно да не се доживее една ваква криза.



Слични вести