Мевлут Чавушоглу: Ќе има разрешувања од должности на ниво на амбасадори

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека ќе има разрешувања од должности во министерството за надворешни работи на ниво на амбасадори

537223
Мевлут Чавушоглу: Ќе има разрешувања од должности на ниво на амбасадори

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во програмата на еден приватен телевизиски канал изнесе проценки во врска со обидот за воен удар на 15 јули од страна на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ.

Чавушоглу истакна дека ќе има разрешувања од должности во министерството за надворешни работи на ниво на амбасадори.

Истакнувајќи дека поради замешеност на некои службеници во обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ ќе има отстранувања од работа и во министерството за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу напомена дека амбасадорите кои ќе бидат разрешени од должност се наоѓаат на пасивни должности

Министерот за надворешни работи Мевлут Чачушоглу рече: „Досега не им беше дадена активна должност беа во министерството, нив ги повлековме. Ќе има и некои службеници со помали чинови кои ќе ги повлечеме од странство. Тие исто така треба сигурно да бидат отстранети од министерството.“



Слични вести