Фатени уште 7 пучисти кои го извршија напад на хотелот во кој престојуваше Ердоган во Мармарис

Безбедносните сили фатија уште 7 мина од 36-те војници-пучисти кои извршија напад на хотелот во кој престојуваше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Мармарис, ноќта на 15 јули за време на обидот за воен удар

537395
Фатени уште 7 пучисти кои го извршија напад на хотелот во кој престојуваше Ердоган во Мармарис
kaçak darbeci askerlerden 3'ü yakalandı.jpg

Фатени уште 7 од војници-пучисти кои извршија напад на хотелот во кој престојуваше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Мармарис ноќта на 15 јули за време на обидот за воен удар на терористичката организација Фетулах/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ.

По добиени информации дека 7 лица се обидувале да ги сопрат возилата на магистралниот пат Мугла-Мармарис веднаш стапија во акција безбедносните сили.

7-те војници-пучисти меѓу кои и мајорот Танер Бербер од Воениот тим за пребарување и спасување беа фатени и однесени во полициската управа.

Во извршениот напад на  хотелот во кој престојуваше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Мармарис ноќта на 15 јули за време на обидот за воен удар на терористичката организација Фетулах/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ учествуваа 36 војници-пучисти командоси од кои во операциите кои што беа веднаш започнати беа фатени и уапсени 19 војници-пучисти, а денеска беа фатени уште 7 мина.

Продолжуваат операциите за фаќање на останатите 10 војници-пучисти кои се во бегство.



Слични вести