Чавушоглу и Боздаг ќе заминат за САД за да ја побараат екстрадицијата на челникот на ФЕТО/ПДЈ, Ѓулен

Мевлут Чавушоглу истакна дека заедно со министерот за правда Бекир Боздаг ќе заминат за САД каде што со себе ќе однесат и досие со докази во врска со терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ

537163
Чавушоглу и Боздаг ќе заминат за САД за да ја побараат екстрадицијата на челникот на ФЕТО/ПДЈ, Ѓулен

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги соопшти деталите на посеата што ќе ја оствари на САД за екстрадиција на Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ.

Чавушоглу истакна дека заедно со министерот за правда Бекир Боздаг ќе заминат за САД каде што ќе остварат и правни и политички разговори и дека притоа со себе ќе однесат и досие со докази во врска со терористичката организација ФЕТО/ПДЈ.

Нагласувајќи дека барањето на Турција е сосема јасно и дека се бара екстрадицијата на ова лица (Фетулах Ѓулен).

Чавушоглу истакна дека досега не можеше да се добие одговор од американската администрација во врска со барањето на Турција за екстрадиција и напомена дека терористичкиот водач би можел да се обиде да избега во друга земја.

Нагласувајќи дека американските органи треба да ги преземат потребните мерки а да не избега терористичкиот водач во друга земја и додаде дека не сака ниту да помисли за ова негативно сценарио.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека доколку САД не го предадат Ѓулен на Турција тоа ќе се одрази на односите помеѓу двете земји.



Слични вести