Бинали Јилдирим: По неуспешниот обид за воен удар животот во Турција е нормализиран

Премиерот Бинали Јилдирим изјави за економскиот ТВ канал „Блумберг“ дека по неуспешниот обид за воен удар животот во Турција е нормализиран

536875
Бинали Јилдирим: По неуспешниот обид за воен удар животот во Турција е нормализиран

Премиерот Бинали Јилдирим говореше за економскиот ТВ канал „Блумберг“ и обраќајќи им се на инвеститорите истакна дека по неуспешниот обид за воен удар животот во Турција е нормализиран.

Јилдирим напомена дека намалувањето на кредитната оценка на Турција по бунтот за преврат на 15 јули претставува неправда, но додадека дека оваа состојба не создаде разорно дејство над економијата во земјата.

Премиерот Бинали Јилдирим подвлече дека владата е одлучна да долови силен економски раст и велејќи „Го продолжуваме патот без да забавиме“ истакна дека Турција располага со градба да формира фонд за стратешките проекти и да ги финансира од овој фонд големите проекти.

Бинали Јилдирим рече дека за постигнување на целите за економски раст му се паѓаат значајни задачи и на турскиот банкарски систем и истакна дека ако затреба повластените каматни стапки ќе се применуваат во инвестирањата во приоритетните сфери.

Во својот говор Јилдирим се осврна и на прашањето на политичката стабилност по неуспешниот обид за воен удар, која инаку се наоѓа во фокусот на економските средини.

„Немаме време за губење со одржување на избори“ - рече Јилдирим и истакна дека парламентарните избори ќе се одржат во 2019 година како што се планира.  

Премиерот Бинали Јилдирим подвлече дека претседателскиот систем е значаен за вопсоставување на политичката стабилност. 

Нагласувајќи дека се доаѓа при крај во истрагата и процесот на апсење што се води во врска со замешаните во обидот за преврат, Бинали Јилдирим додаде дека поголемиот дел од виновниците и се предадени на правдата.

Јилдирим привлече внимание дека во овој процес има потреба од ново структуирање на Турските вооружени сили (ТВС) и потцрта дека се истражуваат и пропустите во синџирот на команда и разузнавачката мрежа.



Слични вести