Вонредната состојба е прогласена за откривање на учесниците во обидот за воен удар

Дали ќе го изберете лидерот на терористичката организација кој се обиде да ја уништи демократијата во Турција или пак симпатиите на 79 милиони Турци?

536548
Вонредната состојба е прогласена за откривање на учесниците во обидот за воен удар

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш рече дека вонредната состојба е прогласена за изнесување на виделина на сите оние кои што учествуваа во обидот за воен удар.

Во освртот на обидот за воен удар и случувањата по обидот за весникот „Хабер Турк“ потпретседателот Куртулмуш рече:

„Вонредната состојба не е прогласена против народот, туку против сите оние кои што се кренаа на бунт против државата. Суштинската цел на донесувањето на Уредбата со законска сила е откривање и изнесување на виделина на сите оние кои што беа вмешани директно или индиректно во обидот за воен удар“, рече Куртулмуш.

Во врска со екстрадицијата на Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката организација ФЕТО, потпретседателот на владата Куртулмуш изрази надеж и верување дека ќе биде екстрадиран, додека на САД им ја упати пораката „направете го изборот“.

Дали ќе го изберете лидерот на терористичката организација кој се обиде да ја уништи демократијата во Турција или пак симпатиите на 79 милиони Турци? Мислам дека американското раководство ќе го разгледа својот став во врска со ова лице.

Куртулмуш го повтори сватот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган дека „има слабости“ и потенцираше дека треба да се преструктуираат установите од аспект на разузнавачките способности и вештини.

На едно прашање во врска со изземањето на голем број јавни и државни службеници од должноста, потпретседателот Куртулмуш рече дека ќе се изврши детално испитување. Сите оние кои што се изземени од должноста, ќе поминат низ истрага. Сите оние кои ќе се утврди дека се директно поврзани ќе имаат поинаков третман, е оние кои не се директно посебен третман, рече Куртулмуш.



Слични вести