Во напад на терористите кај Тунџели животот го загуби еден полицаец
Припадници на терористичката организација ПКК реализираа напад на еден полициски контролен пункт на магистралниот пат Тунџели-Оваџик во близина на градот Тунџели и притоа животот го загуби еден полицаец, а двајца полицајци беа ранети
536495

Во реализиран напад од страна на припадници на терористичката организација ПКК со ракетни минофрлачи и автоматско оружје против безбедносните сили во близина на градот Тунџели животот го загуби еден полицаец, а двајца полицајци беа ранети.
Терористичкиот напад беше реализиран на еден полициски контролен пункт на магистралниот пат Тунџели-Оваџик во близина на градот Тунџели.
Здравствената состојба на двајцата ранети полицајци е тешка.
Безбедносните сили за фаќање на терористите започнаа операција од широки рамки во областа.
Слични вести
