Турските граѓани ја продолжуваат стражата за чување на демократијата на плоштадите

Голем број граѓани насекаде низ Турција кои не ги напуштаат плоштадите со знамиња во своите раце и извикувајќи слогани ја продолжуваат стражата за чување на демократијата

536333
Турските граѓани ја продолжуваат стражата за чување на демократијата на плоштадите
Kılıç Samsun bayrak yürüyüşü.jpg
izmir demokrasi nöbeti.jpg
istanbul demokrasi nöbeti.jpg

Десетици илјади граѓани кои по обидот за воен удар на терористичката органзиација ФЕТО на 15 јули со повикот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим излегоа на улиците ја проодлжуваат стражата за чување на демократијата.

Голем број граѓани стражата за чување на демократијата ја продолжија и синоќа на плоштадот Кизилај во Анкара.

Градоначалникот на Анкара Мелих Ѓокчек и некои пратеници на АК Партијата од Анкара не ги оставија сами граѓаните во стражата за чување на деморкатијата се обратија од сцената и ја истакнаа својата реакција против обидот за воена удар.

Граѓаните со турски знамиња во своите раце и со транспаренти на турски и англиски јазик на кои беше ставено акцент на братството и единството извикуваа слогани против обидот за воен удар.

Во Истанбул исто така се собраа многубројни групи составени од навивачи и маршираа во име на демократијата.

На организираниот марш освен голем број навивачи на спортските клубови Галатасарај, Бешикташ, Фенербахче и Трабзонспор  учествуваа навивачи и на други клубови.

Илјадници навивачи кои се собраа пред тунелот во Бејоглу и извикувајќи слогани тргнаа кон плоштадот Таксим ја истакнаа својата реакција против обидот за воен удар.

Навивачите облечени во дресови на своите тимови извикуваа слогани „Рамо до рамо против воениот удар“, „Татковино го положувам мојот живот за тебе“, „Оваа татковина нема да падне“, „Сите заедно Турција“, „Шехидите не умираат, татковината е неделлива“.

Стражата за чување на демократијата продолжува и во градот Измир.

Илјадници измирчани кои со турски знамиња во своите раце се собраа на плоштадот Конак рамо до рамо застанаа во одбрана на народната волја.

Големиот број граѓани се собраа околу историската Саат кула и ја истакнаа својата реакција против обидот за удар врз демократијата.

Во градот Самсун пак во знак на реакција против обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО беше одржан протестен митинг под името „Под исто знаме“. 

На митингот на кој учествуваа приближно 20 илјади лица беше отворено џиновско турско знаме во должина од 1919 метри и меѓу учесниците беше и министерот за младина и спорт Акиф Чагатај Килич. 

Во говорот што го одржа пред граѓаните министерот Килич истакна дека претставниците на сите политички партии се спротивставија на обидот за воен удар и им се заблагодари на жителите на градот Самсун.

Голем број граѓани насекаде низ Турција кои не ги напуштаат плоштадите со знамиња во своите раце и извикувајќи слогани ја продолжуваат стражата за чување на демократијата.



Слични вести