Собранието ќе формира Комисија за истражување во врска со обидот за воен удар

Собранието кое ја продолжува стражата за чување на демократијата во новата недела ќе го фрли првиот чекор за формирање на Комисија за истражување врска со обидот за воен удар

536533
Собранието ќе формира Комисија за истражување во врска со обидот за воен удар

Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) кое беше цел на пучистите за време на обидот за воен удар на 15 јули продолжува да работи без застој.

Собранието кое ја продолжува стражата за чување на демократијата во новата недела ќе го фрли првиот чекор за формирање на Комисија за истражување врска со обидот за воен удар.

Политичките партии во собранието постигнаа компромис за формирање на Комисија за истражување во врска со обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО на 15 јули.

Комисијата се очекува да се формира во вторник.

Во новата недела се планира да биде усвоен во собранието и нацрт-законот за меѓународна работна сила.

Во собраниска комисија ќе се дискутира и за пакетот кој што содржи значајни преуредувања во врска со економијата.

Во пакет предлогот се наоѓаат одредби во врска со даночното помирување и даночните побарувања.



Слични вести