Реакција од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу против „ББС“

Чавушоглу ја изнесе својата реакција против дописникот на ББС кој изоставувајќи го од вид отпорот што го покажа турскиот народ по цена и на својот живот за одбрана на демократијата бараше некои од приврзаниците на воениот удар кој би можел да зборува

536226
Реакција од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу против „ББС“

Реакција од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу против британскиот информативен сервис „ББС“...

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја изнесе својата реакција преку Твитер против дописникот на ББС кој изоставувајќи го од вид отпорот што го покажа турскиот народ по цена и на својот живот за одбрана на демократијата бараше некои од приврзаниците на воениот удар кој би можел да зборува.

Чавушоглу преку својата сметка на Твитер ја објави испратената порака испратена од страна на дописникот на ББС.

Притоа Мвелут Чавушоглу во својата порака напиша „ББС жали поради тоа што не може да најде некој кој го поддржува воениот удар во Турција и кој ја напаѓа владата. Уште многу ќе жалите.“

Инаку лицето по име Џејмс Брајант кое себе си се претставува како продуцент на BBC International TV News Channel ve BBC World News во својата порака вели вака: „Се сочуваме со тешкотии за да најдеме некои кои би го критикувале она што го прави владата во земјата. Минатата недела им одделивме место на голем број луѓе кои говореа во полза на земјата. Спротивно на оваа состојба не можеме да најдеме никого кој би зборувал. Дали знаете некого вие?“ 



Слични вести