Пораки со сочувство од Ердоган до семејствата на загинатите турски граѓани во нападот во Минхен
Претседателот Ердоган на турските граѓани кои го загубија животот во вооружениот напад во Минхен им посака милост од Аллах и го изрази своето сочувство до нивните блиски и до турската заедница во Германија

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган испрати пораки со сочувство до семејствата на турските граѓани кои го загубија животот во завчерашниот вооружен напад во градот Минхен во Германија.
Претседателот Ердоган во испратените пораки со сочувство до родителите на Џан Лејла, таткото Хасан и мајката Сибел Лејла, родителите на Селчук Килич, таткото Енгин и мајката Јасемин Килич и до сопругот на Севда Даг, Хаџи Даг го изрази своето жалење по повод случајот.
Ердоган на турските граѓани кои го загубија животот во нападот им посака милост од Аллах и го изрази своето сочувство до нивните блиски и до турската заедница во Германија.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердопган вчера испрати порака со сочувство и до германскиот претседател Јоаким Гаук до кого го изрази своето длабоко жалење за вооружениот напад во кој животот го загубија голем број невини луѓе меѓу кои се наоѓаат и турски граѓани и голем број лица беа повредени.
Ердоган во својата порака со сочувство истакна дека со презир го осудува и проколнува овој подол напад.
Во реализиран вооружен напад завчера во еден трговски центар и споредните улици во негова близина во градот Минхен во Германија животот го загубија 9 лица, а 27 лица беа повредени од кои некои потешко.
Слични вести
Џонсон: „Европската Супер лига може да биде деструктивна за фудбалот“
Џонсон рече дека ги поддржуваат фудбалските власти за преземање мерки против основањето нова лига