Министерот за надворешни работи Чавушоглу ја продолжува телефонската дипломатија
Според добиени информации од дипломатски извори во разговорите остварени на барање на неговите соговорници Мевлут Чавушоглу ги информирал во врска со обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО на 15 јули

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговори со летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевич, норвешкиот министер за надворешни работи Борге Бренде, австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц и со генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд.
Според добиени информации од дипломатски извори во разговорите остварени на барање на неговите соговорници Мевлут Чавушоглу ги информирал во врска со обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО на 15 јули.
Министрите за надворешни работи на Летонија, Норвешка и Австрија и генералниот секретар на Советот на Европа ја изразиле својата поддршка до министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на демократскиот процес и демократски избраната влада во Турција, а а исто така нагласиле дека се во солидарност со Турција.
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу со летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевич разговараше за односите меѓу Турција и ЕУ, а со генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд за односите меѓу Турција и Советот на Европа.