Турција го осуди вооружениот напад во Минхен во Германија

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека од се срце се споделува болката на пријателскиот германски народ поради синоќешниот вооружен напад во еден трговски центар во градот Минхен

535618
Турција го осуди вооружениот напад во Минхен во Германија

Турција го осуди синоќешниот вооружен напад во еден трговски центар во градот Минхен во покраината Баварија во Германија.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека од се срце се споделува болката на пријателскиот германски народ. 

Во соопштението се изразува сочувство до семејствата на жртвите во вооружениот напад, на повредените им се посакува побрзо оздравување, а исто така се привлекува внимание и на значењето на меѓународната солидарност во борбата против тероризмот.

Во соопштението се додава дека Турција е подготвена да ја даде секој вид поддршка на сојузничка Германија во рамките на борбата против тероризмот.



Слични вести