Се затвараат приватните здруженија, организации и установи поврзани со терористичката ФЕТО

Со донесената уредба со законска сила која беше обајвена и во службениот весник на Република Турција се затворени 35 здравствени установи, 1.043 приватни образовни установи, 1.229 вакафи и здруженија, 19 синдикати и 15 приватни (вакафски) високообразовни

535774
Се затвараат приватните  здруженија, организации и установи поврзани со терористичката ФЕТО

Објавена првата уредба со законска сила во процесот на примена на воведената вонредна состојба по обидот за воен удар на 15 јули.

Со донесената уредба со законска сила која беше обајвена и во службениот весник на Република Турција се затворени 35 здравствени установи, 1.043 приватни образовни установи и интернати, 1.229 вакафи (фондации) и здруженија, 19 синдикати и 15 приватни (вакафски) високообразовни установи.

Согласно донесената уредба со законска сила времетраењето на притворот додека продолжува вонредната состојба со исклучок на задолжителното времетраење за испраќање до најблискиот судија или најблискиот суд на осомничениот почнувајќи од моментот на негово фаќање не ќе може да изнесува подолго од 30 дена.

Оние службеници за кои ќе биде оценето дека се поврзани со терористички организации или се членови, припадници или поврзани со градби, формации или групи за кои од страна на Советот за национална безбедност е донесена одлука дека водат активности против националната безбедност на државата ќе бидат отстранети од нивните должности и не ќе можат повторно да бидат вработени во државни институции.



Слични вести