Порака со сочувство од Ердоган до Гаук

Остро го осудувам овој подмолен напад и истиот го проколнувам

535989
Порака со сочувство од Ердоган до Гаук

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган испрати порака со сочувство до германскиот претседател Јоаким Гаук по повод вооружениот напад во Минхен.

Претседателот Ердоган во пораката изрази длабоко жалење за загинатите и повредените невини луѓе во вооружениот напад, меѓу кои имаше и Турци.

Остро го осудувам овој подмолен напад и истиот го проколнувам, рече Ердоган и во пораката што ја испрати до германскиот колега Гаук истакна:

Турција како земја која долги години е изложена на безброј терористички напади и насилства, го изразува своето сочувство до Германија и ја споделува тагата на германските граѓани. Турција е во длабока соработка и солидарност со пријателска и сојузничка Германија во овие тешки денови. Во името на целиот турски народ и во свое лично име ја користам оваа можност да го изразам длабокото сочувство до пријателска Германија за загинатите, а на повредените им посакуваме што побргу да оздрават, рече претседателот Ердоган.



Слични вести