Направена измена во правилникот на Координациониот совет за вонредна состојба

Според новиот правилник Координациониот совет за вонредна состојба ќе се состанува под претседателство на премиерот или еден министер кој ќе биде задолжен од негова страна

535981
Направена измена во правилникот на Координациониот совет за вонредна состојба

Направена измена во правилникот на Координациониот совет за вонредна состојба.

Правилникот во врска со формирањето на советот и канцелариите, задачите и обврските на вонредната состојба е објавен во Службеникот весник на Република Турција.

Според новиот правилник Советот ќе се состанува под претседателство на премиерот или еден министер кој ќе биде задолжен од негова страна.

На состанокот ќе се дискутира во врска со прашањето предмет на воведување на вонредната состојба.

Советот ќе се состои од  потсекретари и високи претставници на министерството и останатите јавни институции и организации.

Донесените одлуки ќе бидат брзо соопштени. 

Канцелариите за вонредна состојба во градовите (окрузите) ќе се состануваат под претседателство на валијата или заменик валијата, а канцелариите во помалите населени единици под претседателство на среските начелници (кајмаками).

Советите ќе се состојат од претставници избрани од страна на валијата и срескиот начелник (кајмакам).

Одлуките на канцелариите во помалите населени единици ќе бидат ставени во примена со одобрение на валијата.



Слични вести