Критичниот состанок на Врховниот воен совет (ЈАШ) закажан за 28 јули

На годинашниот состанок на Врховниот воен совет (ЈАШ) закажан за 28 јули со новите унапредувања се очекува да се оди на ново структуирање во Турските вооружени сили (ТВС)

535992
Критичниот состанок на Врховниот воен совет (ЈАШ) закажан за 28 јули

Датумот на одржување на критичниот состанок на Врховниот воен совет (ЈАШ) по обидот за воен удар на 15 јули е закажан за 28 јули во четврток.

Состанокот на Врховниот воен совет (ЈАШ) ќе се одржи под претседателство на премиерот Бинали Јилдирим и за прв пат ќе се одржи во владиниот дворец на Чанкаја во Анкара, а не во Генералштабот како што беше досега.

Со новите унапредувања се очекува да се оди на ново структуирање во Турските вооружени сили (ТВС).

Во врска со командантот на Жандармеријата генерал на армија Галип Менди кој поради здравствени проблеми се наоѓа на лекување во Воената медицинска академија Ѓулхане ГАТА беше соопштено дека оваа година ќе биде пензиониран.

На состанокот ќе се разговара и за состојбата на 126 генерали и адмирали како и приближно 6.000 офицери кои се наоѓаат во притвор или се уапсени поради обидот за воена удар на 15 јули.



Слични вести